Денеска седница за Буџетот и распуштање на Собранието

 Breaking News

Денеска седница за Буџетот и распуштање на Собранието

Денеска седница за Буџетот и распуштање на Собранието
October 17
10:07 2016

Координацијата меѓу координаторите на пратеничките групи во Собранието која за денеска е закажана кај спикерот Вељаноски ќе го даде одговорот на прашањето, дали до крајот на денот ќе се распушти Законодавниот дом.
Според последниот предлог на собранискиот претседател Трајко Вељаноски, иницијативата за распуштање на Собранието, ќе се најде пред пратениците на денешната седница која првиот парламентарец ја закажа за во 12 часот. Иницијативата е ставена како втора точка на дневниот ред, веднаш зад Буџетот.
Претходно во 11 часот ќе се одржи седницата на која треба да се донесе Законот за извршување на буџетот, што е стандардна процедура.
Доколку на денешната координација се договори да нема подолги дебати во процедурата за донесување на Буџетот, не се исклучува можноста, Собранието да се распушти уште во текот на денешниот ден, а Вељаноски, изборите да ги распише веќе утре.
Првично, од опозицискиот табор, најавата беше дека нема опозициските пратеници нема да дискутираат за Буџетот, но дали ќе останат на овој став, ќе се знае откако координаторите ќе ја завршат координацијата со Вељаноски.
Согласно Законот и Деловникот на Собранието, за Буџетот може да се дебатира најмногу 5 дена што значи дека евентуалната расправа мора да заврши на полноќ, меѓу 21 и 22 октомври.
За да се одржат изборите на 11 декември, Собранието мора да се распушти најдоцна до 27 октомври.

Related Articles