Даниел Дончевски по 5-ти пат го фати крстот во Скопје и порача Апел за помош на Билјана Пешевска

 Breaking News

Даниел Дончевски по 5-ти пат го фати крстот во Скопје и порача Апел за помош на Билјана Пешевска

Даниел Дончевски по 5-ти пат го фати крстот во Скопје и порача Апел за помош на Билјана Пешевска
January 19
11:27 2018

Даниел Дончевски од скопско Ченто го фати Светиот крст во реката Вардар што денеска напладне од мостот кај Министерството за надворешни работи го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Дончевски беше најсреќен од вкупно 150-те пријавени граѓани за фаќање на крстот во Скопје.

Тој, по петти пат го фаќа светиот крст до сега.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Богојавление – Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Даниел испрати АПЕЛ за помош на Билјана Пешевска:

Билјана Пешевска има 9 години. Животот и беше идиличен, каков што е вообичаено на село. Со својот три години постар брат Лука поминуваа безгрижни детски денови, исполнети со радост и среќа. Во скромниот дом во кратовското село Трновац, во две мали сопчиња, без бања, живеат скромен живот, на работ на сиромаштија.

Првиот шок го доживеаја кога нивната мајка ги напушти и ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат со болниот и делумно неспособен за работа татко, Даниел. Со социјална помош од 2.400 денари, без приходи од плата, се бореа со сиромаштијата, но беа среќни. Се до едно утро, на 29 јануари оваа година, кога малата Биле се разбуди со страшни главоболки и нагон за повраќање. Утредента Биле заминала на испитувања на скопските клиники, каде лекарите ја соопштиле најлошата вест. Биле боледува од МЕДУЛОБЛАСТОМ, односно малиген тумор на малиот мозок. На 3-ти февруари лекарскиот тим на детска хирургија извршил оперативен зафат, отстранувајќи го туморот со големина на помала мандарина.

Следните неколку дена е следена состојбата на Биле и таа, во солидна состојба се врати пред неколку дена во својот дом.
Семејството Пешевски сега се соочува со големи финансиски проблеми затоа што нема средства за продолжување на терапијата која Биле во следните 6 недели треба секојдневно да ја прима во Скопје. Ја чека радиотерапија и хемотерапија, но Биле не сака да остане цел месец во болнички кревет, а семејството нема пари за да патува секој ден на релација Скопје – Кратово. Досега потрошиле околу 30.000 денари, средства кои ги обезбедиле од најблиските роднини, пријатели и соседи. Допрва ги очекуваат уште поголеми трошоци, а таткото Даниел има нарушено здравје и нема како да ги заработи.

Малечката Биле неколкупати се расплака пред камерата, кажувајќи ја со растреперен глас својата најголема желба. На 22 април, кога ќе полни 9 години, да не пречека здрава и насмеана, а добрите луѓе да и помогнат да ја победи лошата болест. Со солзи во очите, едвај процеди дека сака лаптоп, на кој ќе може да ги игра омилените игрички и да комуницира со своите другарчиња.

Децата се невини суштества и заслужуваат да бидеме милосрдни кон нив. Сите што имаме барем грам човечност и хуманост во себе, можеме да уплатиме парична донација на трансакциската сметка на таткото Даниел. Сто, двеста или петстотини денари нема да не осиромашат, но ќе значат живот за малата Биле. Хуманоста во неограничени размери ја покажавме пред два месеци, кога се собраа десеттици илјади евра за лекување на Давид од Кратово, а ќе ја покажеме уште еднаш, кога на Биле и се потребни далеку помалку средства за да ја победи злокобната болест, душевната болка по мајка си, но и тешката сиромаштија со која се соочува. Оливер Арсовски

Дејан Пешевски 071570992

Можете да донирате преку следната сметката за донации:
Даниел Пешевски
Сметка – 320 – 5000266219 – 22
Централно-кооперативна банка

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.

Богојавление или Водици е христијански празник кој се слави на денот на кој, според преданието од христијанската религија, Св. Јован Крстител го покрстил Исус Христос во реката Јордан.

Се прославува на 19-ти јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и МПЦ, а на 7-ми јануари кај црквите што го користат Грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица).

Богојавление бил празник на многубожниот бог давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите.

Според едно предание од Охрид што го забележал Кузман Шапкарев некој човек што овој миг го гледал низ прозорецот сакајќи да има еден осмак пари по погрешка рекол: „Дај ми Господи, еден осмак глава“.

И за чудо на часот главата му пораснала колку еден осмак, та не можел да си ја тргнит назат од пенџерата и му останала надвор од пенџерата, а тој како закоан на неа”.

Тој час како што се верува и водите престанувале да течат за миг и биле многу лековити. Од таа вода да се налеело можело да се лекуваат разни болести. Ако пак не се налеела во тој миг водата можела таква да се напрви откако ќе се освети (покрсти) по специјален обред што го изведува свештеникот.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици. Вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.

Како што забележал Кузман Шапкарев, во минатото во Скопје бил познат обичајот капење на младоженците. Првиот ден од празникот ги бањале зетовците и машките деца првенци, а вториот ден невестите и женските деца, исто така, првенци.

Овој обичај се изведувал на тој начин што ги носеле на реката Вардар, а таму попот по специјален обред ги попрскувал со пејана (светена) вода. Познато е дека на првиот ден од празникот по коледица одат само мажите, а вториот ден само жените.

Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.

Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Овој ритуал го симболизира влегувањето на Христос во реката Јордан.

Related Articles