Дали знаевте колку витамини има краставицата?

 Breaking News

Дали знаевте колку витамини има краставицата?

Дали знаевте колку витамини има краставицата?
November 17
23:03 2017

Краставиците се четвртиот најодгледуван зеленчук во светот и поради бројните корисни својства често се нарекува суперхрана. Краставиците, често се прскаат со пестициди, па затоа е важно да се купат органски или уште подобро, самите да ги одгледате.

Краставиците припаѓаат на истата група растенија како тиквата и лубеницата (семејството Cucurbitaceae). Исто како лубеницата, краставиците се составени од најмногу вода (95%), што значи дека помагаат за хидратација за време на топлите денови.

Сепак, постои причина да се јадат краставици во текот на целата година. Со витамините К, Б, бакар, калиум, витамин Ц и манган, краставиците може да ви помогнат да ги намалите недостатоците во исхраната. Плус, содржат уникатни полифеноли и други соединенија кои можат да помогнат да се намали ризикот од хронични болести и многу, многу повеќе.

Причини зошто да јадете краставици:

Го заштитуваат вашиот мозок
Краставиците содржат анти-воспалителни флавоноиди наречен фисетини кои играат важна улога за здравјето на мозокот. Ја подобруваат меморијата и ги штитат нервните клетки од стареење. Откриено е дека фисетинот ги намалува оштетувањата на прогресивната меморија и учење кај глувците со Алцхајмер.

Го намалуваат ризикот од рак
Краставиците содржат полифеноли наречени лигнани кои го намалуваат ризикот од рак на дојката, матката, јајниците и простата. Тие, исто така, содржат фитонутритиенти наречени „cucurbitacins“, која, исто така, има својства против ракот.

Одлични се во борбата против воспаленијата
Студии на животни укажуваат на тоа дека екстракт од краставица помага во намалување на воспаленијата, во делот на инхибирање на активноста на про-воспалителни ензими (вклучувајќи циклооксигеназата 2, или COX-2).

Имаат антиоксидантни својства
Краставиците содржат бројни антиоксиданси, вклучувајќи го и познатиот витамин Ц и бета-каротен. Тие, исто така, содржи антиоксиданси флавоноиди, како што се кверцетинот, апегинен, лутеолин и каемпферол, 6 кои имаат дополнителни бенефиции.

На пример, кверцетинот е антиоксидант кој многумина веруваат дека го спречува ширењето на хистаминот. Каемпферолот пак, може да помогне во борбата против ракот и го намалува ризикот од хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања.

Го освежуваат здивот
Краставицата ги уништува бактериите одговорни за создавање на непријатен здив.

За полесно управување со стресот
Краставиците содржат повеќе витамини од Б групата, вклучувајќи витамин Б1, витамин Б5 и витамин B7 (биотин). Б витамините го намалуваат чувството на вознемиреност и некои од штетните ефекти на стресот.

За оптимизирање на дигестивниот систем
Краставиците се богати со две од најосновните елементи потребни за здрава дигестија: вода и растителни влакна. Водата ги потиснува акутните симптоми на „acid reflux“ со привремено зголемување на pH вредностa на стомакот. Краставицата има сличен ефект. Краставицата содржи нерастворливи влакна, кои помагаат храната побрзо да се движи низ нашиот дигестивен тракт.

За третман на дијабетес, намалување на холестеролот и контролa на крвниот притисок
Сокот од краставица содржи хормон кој клетките на панкреасот го користат за произведување на инсулин. Истражувачите откриле дека соединенијата наречени стероли во краставиците може да помогнат за да се намали нивото на холестерол. Краставиците содржат многу калиум, магнезиум и влакна, ефикасна комбинација за регулирање на крвниот притисок. Корисни се и за лекување на високиот и нискиот крвен притисок.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment