Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане со шест пратеници помалку во Собранието ќе се знае денес во 12 часот
Собранието на Република Македонија уште вчера ја закажа за денеска во 12 часот 25.седница на која ќе се расправа за симнување на имунитетoт на шестмината пратеници осомничени од Судот за настаните на 27 април во Парламентот.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери го закажа ова заседание на Парламентот по вчерашната седница на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања која одлучи да предложи симнување на мандатот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.
За симнување на нивниот имунитет потребни е да гласаат 61 пратеник.
Доколку овие шест пратеници се во притвор или куќен притвор или на било каков друг начин се оневозможуваат да доаѓаат на седниците на Собранието на Република Македонија, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има помал број на пратеници во собраниските клупи.