Дали ви работи добро метаболизмот?! 6 знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред!

 Breaking News

Дали ви работи добро метаболизмот?! 6 знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред!

Дали ви работи добро метаболизмот?! 6 знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред!
November 22
00:18 2017

Забавениот метаболизам значи дека телото не може доволно ефикасно да ја претвори храната која ја внесуваме во енергија.

Следните 6 симптоми може да алармираат на различни здравствени проблеми, па така и на тоа дека метаболизмот не ви работи добро, особено ако ве мачат неколку од нив наеднаш.

Ако сте уморни

Многу работи можат да бидат причина за замор, како што е недостаток на сон и жестоки вежби. Меѓутоа, ако често сте многу уморни, тоа може да покаже и на забавен метаболизам, затоа што телото не може доволно брзо да ја претвори храната која ја јадете во енергија.

Кожата и косата

Кога метаболизмот не функционира добро, телото не може доволно брзо да ги регенерира важните делови за здрава кожа и коса кои стануваат суви. Сувата кожа и коса може да покажуваат и на многу други работи, како што е лошата прехрана.

Жедни сте за слатка и храна богата со скроб

Жедта за одредена врста на храна често покажува дека на телото му е потребна енергија. Ако се храните добро и доволно спиете, но и понатаму чувствувате потреба за слатка и храна која е богата со скроб, тоа може да значи дека метаболизмот не ја преработува добро храната која сте ја внеле.

Дебелеете, иако се храните здраво

Природно е со годините и метаболизмот да се забави, поради што тешко е да се одржува здрава тежина, но ако се храните здраво и внимавате на внесот на калории, а и понатаму се здебелувате, најверојатно станува збор за пребавен метаболизам.

Постојано ви е ладно

Метаболизмот исто така се опишува и со топлината на телото, а ако тој работи бавно, последицата ќе биде постојано чувство на студ. Тоа посебно ќе го почуствувате навечер во кревет кога ќе се покриете со неколку наметки за да се згреете. Пробајте и трик со туш од 90 секунди кој го забрзува метаболизмот и слабеењето, но бидете внимателни.

Расположението постојано ви се менува

Постојаното чувство на исцрпеност, затоа што вашиот организам се „мачи“ за да ја преработи храната, може да резултира и со тоа што постојано ви се менува расположението.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment