Дали сте се запрашале – колку навистина вредиме?
Еден презентер ја започна својата презентација држејќи банкнота од 20 долари. Во просторијата имаше 200 луѓе, па праша.
„Кој ја сака банкнотата од 20 долари?“
Почнаа многумина да ги креваат рацете, а тој кажа:
„Јас ќе му ја дадам банкнотата на некој од вас, но прво дозволете ми да го направам ова“
Тој зема и ја скина парата на половина, а потоа повторно праша.
„Кој ја сака сеуште?“
Повторно стоеја рацете во воздух, а тој ја фрли на земјата и почна да ја гази банкнотата, а потоа ја крена и праша повторно.
„А кој ја сака сега?“
Повторно рацете не се спуштија долу.
„Мои пријатели, вие сите научивте многу важна лекција. Без разлика што и направив на банкнотата, вие сеуште ја сакате затоа што не ја изгуби вредност. Сеуште вреди 20 долари“
Многу пати во животот, ние сме скршени, повредени и што уште не, но на крајот повторно се издигнуваме над сите проблеми.
Некогаш се чувствуваме безвредно, но без разлика што се случува со нас, ние никогаш нема да ја изгубиме вредноста. Вие сте посебни – не го заборавајте тоа!