Дали ќе им се укини гирото на грците? Грција е уплашена и со неверување од планот на Европа

 Breaking News

Дали ќе им се укини гирото на грците? Грција е уплашена и со неверување од планот на Европа

Дали ќе им се укини гирото на грците? Грција е уплашена и со неверување од планот на Европа
December 03
22:34 2017

Грците со неверување ја прочитаа веста дека ЕУ поради сигурност ќе забрани кебаб и гиро, а хаштагот #Free_Giros стана тренд меѓу корисниците на Твитер во Грција.

Oва се само дел од коментарите:

“Дозволија конзерванси секаде, ги бомбардираат малите деца, но им смета гирото”,

“Гиро ќе јадеме скришно и нелегално во подрумите и скриени локали?”,

“Ни забрануваат гиро? Ваква Европа не сакаме”

Гирото во Грција се најдоа под контрола на Европскиот парламент, каде се наоѓаат и пратеници од Европската комисија за фосфати во брзата храна ширум Европа. Сега гирото е под голем ризик да биде забрането во Грција, што претставува вистински хорор за Грците, и не само за нив, туки и за останатите љубители на оваа храна.

Eвропскиот парламент на предлог на Европската комисија ќе разгледува како фосфатите вклучувајќи ја и фосфорната киселина дејствуваат врз здравјето на луѓето, а истите ги има во месото од гирото.

До овој потег дошло поради загриженоста која произлегла од преглед во 2012 година, за можната врска помеѓу фосфатите кога се користат како адитиви во храната и болестите на срцето – но, доказите тогаш останале неусогласени.

Правилата на ЕУ обично забрануваат употреба на фосфатни адитиви во припремата на месото, каде се користат за заштита на вкусот и го спречуваат сушењето на месото, но постојат и одредени исклучоци.

Гирото во Европа сега ќе мора да почека на гласањето, кое ќе се одржи помеѓу 11 и 14 декември во Стразбур. Грците тогаш ќе дознаат дали нивната омилена храна и понатаму ќе можат да ја служат во сендвичарите со истиот вкус и текстура како и досега.

Европскиот парламент даде забелешки за предлогот на Европската комисија за дозволата на употреба на фосфати, вклучувајќи фосфорна киселина, ди и три фосфати и полифосфати во место во гирото и ќебапите.

Овој потег дојде поради загриженоста изразена во научната студија од 2012 година за можната поврзаност помеѓу фосфатите кои се користат како адитиви за храна и срцевите заболувања – но доказите во тоа време не беа убедливи.

Правилата на ЕУ вообичаено ја забрануваат употребата на фосфатни додатоци во подготовката на месо, што се користат за заштита на вкусовите и спречуваат сушење на месото, но постојат одредени исклучоци.

Гирос и ќебапите во Европа сега ќе мора да го чекаат гласањето, кое ќе се одржи од 11 до 14 декември во Стразбур, за да се дознае дали оваа омилена храна и натаму ќе може да служи во сендвичи со иста текстура и вкус како до сега, пренесува Индепендент.

Related Articles