Cите граѓани на Македонија треба да се пријават за вakциниpaње на овој веб сајт

 Breaking News

Cите граѓани на Македонија треба да се пријават за вakциниpaње на овој веб сајт

Cите граѓани на Македонија треба да се пријават за вakциниpaње на овој веб сајт
February 09
19:23 2021

На веб сајтот vakcinacija.mk ќе се врши пријавувањето за вакцинација за сите граѓани од Македонија.

Министерот Филипче денеска објасни дека сите ќе треба да се пријават а системот на Министерството ќе направи приоритети.

Веб сајтот веќе е поставен на сервер но се уште не е во функција а според најавите треба да почне да работи од утре.


Во регистарот на Марнет може да се види дека Министерството за здравство веќе го има закупено овој домејн.

Вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите скопски поликлиники.

Го направивме оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар.

Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе работат од 8 до 20 часот, а останатите по една смена.

Децата од претшколска и школска возраст ќе бидат заштитени и истите ќе се упатуваат во Поликлиниката Ѓорче Петров или во амбулантата во Карпош.

Во останатите градови, вакцинацијата ќе се спроведува во вакциналните пунктови по примерот на имунизацијата за сезонски грип. – Напиша министерот Филипче на фејсбук.

Related Articles