Бранко Героски: Е ова го немаше ни во режимот на Груевски

 Breaking News

Бранко Героски: Е ова го немаше ни во режимот на Груевски

Бранко Героски: Е ова го немаше ни во режимот на Груевски
February 21
21:41 2019

„Сите ќе ги осудат како муви, никој нема да биде поштеден“, ми вели еден добро информиран пријател. Му верувам, пишува Бранко Героски за Плусинфо.

Дури се знае дека лавината на драконски пресуди треба да се стркала во март, во екот на кампањата за претседателските избори.

Нормално, ништо не се остава на случајноста. Таков исход на ова „делење на правдата“, за жал, навестува и инцидентот во Шутка. Ништо не е случајно.

Морам да ве потсетам, почитувани читатели, дека предупредував дека и вакво нешто може да ни се случи.

Ваков срам, каков што не можеше да се замисли дури ни за време на најцрниот режим на Никола Груевски – линч во притвор!

Повторувам, ова го немаше ни во казаматите на груевизмот, притвореници да бидат физички линчувани.

А токму тоа денеска им се случило на Миле Јанакиески и на Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, откако им беше одреден 30-дневен притвор во врска со настаните од 27 април.

Јанакиески бил пренесен во болница.

Затворските власти, наместо да обезбедат елементарни предуслови за безбеден престој во оваа установа, денеска ја забавува јавноста со соопштение во кое ги „открија“ резултатите од својата „истрага“ за тоа кој бил виновен за инцидентот

(нормално, утврдено е дека кавгата наводно ја предизвикал Јанакиески),

нападнатите лица се уверуваат дека „ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата“, а јавноста се повикува „да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации“. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Related Articles