Бејли: Руски гасовод нема да го исчисти воздухот во Македонија

 Breaking News

Бејли: Руски гасовод нема да го исчисти воздухот во Македонија

Бејли: Руски гасовод нема да го исчисти воздухот во Македонија
December 17
17:38 2017

Американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, преку „Твитер“ порача дека уште еден руски гасовод нема да придонесе за почист воздух во Македонија, што како предлог за проблемот со аерозагадувањето го понуди Амбасада на Русија во земјава.

„Не е војна на ‘Твитер’. Им поставивме прашање на македонските граѓани за мерки во краток рок за чист воздух.

Уште еден руски гасовод нема да го стори тоа.

САД ги поддржуваат желбата на Македонија да донесе гас во македонските градови и разновидноста во снабдувањето со гас во Македонија и во Европа“, реплицира Бејли на твитот на претседателот на Обединета македонска дијаспора Мето Колоски:

„Војна на ‘Твитер’ меѓу амбасадите на САД и на Русија во Македонија околу проблемот со загадувањето на воздухот во државата.

„Војната“, како што вели Колоски, почна со синоќешниот твит на американската Амбасада со повик за изнесување идеи за проблемот со кој подолго време се соочува главниот град, а колегите од руската Амбасада утрово го понудија „Турски поток“ како солуција.

Related Articles