Со авион од Србија слетал во Македонија и го уапсиле на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје

 Breaking News

Со авион од Србија слетал во Македонија и го уапсиле на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје

Со авион од Србија слетал во Македонија и го уапсиле на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје
December 14
12:24 2017

Во 01 часот и 40 минути утрово на граничниот премин аеродром “Александар Велики“ Скопје на влез во Република Македонија со воздухоплов од Србија допатувал 57-годишниот Л.А.Е. од Белгија.

Тој поседувал белгиска патна исправа и дозвола за привремен престој на странец.

При проверка било констатирано дека истиот евидентира со мерка „апси“ по наредби од Основен Суд Скопје 1 и од Одделение за потраги за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Истиот е приведен и во 04,40 часот е предаден на Полициско одделение-Петровец за понатамошна постапка.

Related Articles