Англија се исплаши од најновата руска подморница, ја прогласија за „најсмртоносна“ (ВИДЕО)

 Breaking News

Англија се исплаши од најновата руска подморница, ја прогласија за „најсмртоносна“ (ВИДЕО)

Англија се исплаши од најновата руска подморница, ја прогласија за „најсмртоносна“ (ВИДЕО)
December 03
22:43 2017

Британските медиуми, меѓу кои Дејли мејл, Дејли експрес и Дејли стар, објавија материјали за новата руска подморница „Кнез Владимир“, која на 17 ноември беше спуштена во морето кај Северодвинск.

Дејли мејл подморницата ја нарекува „најсмртоносната подморница во светот“. Во написот се наведува дека „Кнез Владимир“ е опремена со 20 интерконтинентални балистички ракети Р-30 „булава“ (всушност се 16), кои имаат повеќецелни боеви глави со сила од 150 килотони. Подморницата може да лансира ракети на далечина од 9.300 километри и има работна длабочина на потопување до 400 метри, што ја прави речиси невидлива за радарите, се истакнува.

Се наведува и дека американскиот ривал на „Кнез Владимир“, подморницата „Охајо“, носи 24 балистички ракети „трајдент 2“ кои имаат пократок радиус на гаѓање, а американската подморница има и помала работна длабочина.

Во коментарите под текстовите на британските медиуми се води жива дискусија.

Еден од читателите пишува: „Изгледа дека тие отидоа неколку години нанапред кога станува збор за вакви нешта“, иако има и коментар дека: „Поголемиот дел од руското оружје е отпад, кое ќе се распадне пред појадок.

Без оглед на тоа што ви го кажуваат вашите лидери, Русија не е велесила и НАТО благодарение на Соединетите Американски Држави лесно ќе ги здробат овие дрвени тенкови и пешадиски борбени возила“.

„Се прашувам во што е смислата на сето ова? Што значи тоа што ракетата ќе стигне до целта неколку моменти порано? Како одговор ќе стигне иста таква ракета.

Подобро е ресурсите да се насочат на развој и победа во малите конфронтации. Не може да има победник во нуклеарна војна“, пишува еден од коментаторите.

„Кнез Владимир“ е четвртата нуклеарна подморница од Проектот 955 „Бореј“ и првата модернизирана крстосувачка подморница од класата „Бореј-А“. Таа треба да влезе во составот на Северната флота во 2018.

Во бродоградилиштето Севмаш се градат уште четири вакви подморници, а нивното спуштање во вода е планирано до 2022 година, пишува Спутник.

Related Articles