АМБИЦИЈА, МОЌ И МАНИПУЛАЦИЈА: Овие жени со помош на машките срца ја менувале историјата на светот

 Breaking News

АМБИЦИЈА, МОЌ И МАНИПУЛАЦИЈА: Овие жени со помош на машките срца ја менувале историјата на светот

АМБИЦИЈА, МОЌ И МАНИПУЛАЦИЈА: Овие жени со помош на машките срца ја менувале историјата на светот
December 07
22:57 2017

Иако со векови моќта им се препишува на мажите, жените од секогаш претставуваат важна страна на историјата.

Некои од нив оставиле силен печат на времето во кое живееле.

Дали поради начинот на кој ги освојувале машките срца и со нивна помош доаѓале до високи позиции во општеството или поради војните кои се воделе по нивна вина, сите ги спојува големата амбиција да ги освојат врвовите на моќта, посветеноста кон својата цел и вештината за манипулирање и заведување.

– Клеопатра

Посебен дел од историјата има египетската кралица Клеопатра.

Не е тајна дека Клеопатра ги сакала мажите кои се на високи позиции во општеството. Таа била жена на двајца моќници од тоа време. Покрај лошиот глас кој ја следел, била многу образована, говорела дури девет јазици, а била позната и по нејзиното знаење во филозофијата, геометријата и музиката, како и вештината на заведување која ја користела како политичко оружје.

Имала многу непријатели, но не дозволувала никој да и застане на патот, па се верува дека го убила и родениот брат.

– Хурем

Александра Лисовска, Рокселана или како што цел свет ја знае, Хурем султан.

Луѓето ја сметале за “заводлива вештерка” која секогаш го зема она што го сака. Била првата жена која го поминала патот од робинка до султанка покрај стотина други девојки кои биле со неа во харемот.

– Теодора

Донела многу закони со кои го променила животот на многу жени. Без нејзино одобрение ништо не можело да се направи, можеби, како што пишува во историјата, можела и сама да владее, но сепак била влијателна и како жена на големиот цар.

До својата положба царица во Источното римско царство дошла променувајќи ја професијата. Започнала како глумица, но поради малата заработка, а благодарејќи на својата убавина станала танчерка, а покасно и многу скапа придружба на приватните забави на моќните луѓе.

Покрај со убавината, срцето на Јустинијан го освоила и со нејзнината храброст.

Related Articles