Албанските портали објавија кои 10 министерства ги зема ДУИ во новата Влада
February 23
09:31
2017
Порталите на албански јазик веќе објавуваат ресори кои СДСМ ги отстапува на ДУИ. Албанскиот портал Журнал ја дознава листата на понудата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Али Ахмети во врска со поделбата на фунциите.
1. Претседател на Собрание
2. Министер за правда,
3. Министерство за внатрешни работи (доколку остане кај СДСМ, на ДУИ би им припаднало Бирото за јавна безбедност)
4. Министерство за надворешни работи
5. Министерство за здравство,
6. Министерство за образование,
7. Министерство за труд и социјална работа,
8. Министерство за економија,
9. Секретаријат за Европски прашања
10. Вице-Премиер за спроведување на Рамковен договор + Царина (или УЈП)