АЛАРМАНТНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – Човештвото повеќе нема да напредува! Почнува конечниот пад!

 Breaking News

АЛАРМАНТНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – Човештвото повеќе нема да напредува! Почнува конечниот пад!

АЛАРМАНТНО ИЗВЕСТУВАЊЕ – Човештвото повеќе нема да напредува! Почнува конечниот пад!
December 12
11:23 2017

Научниците заклучиле дека постојат граници во човечкиот развој.

Долго се верувашедека човечкиот развој е долг процес кој се состои од постојано напредување кое ќе трае засекогаш. Но научниците веруваат дека човечкиот род стигнал до својот врв.

Во рамки на големо истражување се проверени податоци стари 120 години. Во овој момент ние се обидуваме да ги поместиме тие граници, потсетуваат научниците. Но не предупредуваат дека со оглед на начинот на кој ја менуваме околината во која живееме, а потоа и глобалното загревање, не само што тие граници нема да успееме да ги поместиме, туку последиците од него ќе не присили да се вратиме неколку чекори назад.

Човештвото долго време напредуваше. Поместени се и граници на животниот век на луѓето, но со текот на време ќе има се помалку рекордни постигнувања и резултати.

Се помалку луѓе успеваат да постигнат рекорд во брзина на трчање, но нема да го надминат, а ниту човечкиот животен век повеќе не се зголемува.

„Некои работи не се менуваат и покрај научните, медицинските и нутриционистичките подобрувања и постигнувања. Тоа значи дека човечкиот род го достигнува својот врв. Прва генерација на луѓе сме која е свесна за тоа.“

„Во некои работи се враќаме наназад. Голем дел сме самите одговорни, затоа што негативно влијаеме на нашата околина.“

„Ќе биде тоа еден од најголемите предизвици во векот во кој живееме, особено поради притисокот на антропогените човечки активности кои ќе бидат одговорни за негативно влијание на човечкото здравје и околината.“

Тусант, француски професор, и неговите колеги мислат дека политичарите, владата и останатите одговорни личности, во момент кога се потврдени ограничувањата на човечкиот вид, требало да се фокусираат на помагање на луѓето да ги постигнат сегашните граници.

„Со оглед на ограничувањето кога станува збор за околината, треба да се вложат повеќе средства во постигнување на рамнотежа со оглед на сите посилни притисоци на еко-составот. Ако се успее во тоа, ќе може да разгледуваме можност за понатамошен напредок кога станува збор за човечкиот век и големиот број на човечки био-маркети“, вели тој.

Related Articles