Ал Џезира: Македонија и официјално станува „двојазична држава“ 

 Breaking News

Ал Џезира: Македонија и официјално станува „двојазична држава“ 

Ал Џезира: Македонија и официјално станува „двојазична држава“ 
November 23
14:54 2017

Новиот, трет закон за јазиците во последните десет години, предвидува албанскиот јазик конечно да станe втор официјален јазик во Македонија.

Предлог-законот наметнува обврска албанскиот јазик да се користи во сите владини институции на државно и na локално ниво, пишува Експрес.

Македонскиот јазик е официјален јазик на територијата на целата земја и во меѓународните односи, пишува во коментар „Ал џезира“.

Овој, како и претходните закони за употреба на јазиците, се повикува на Петтиот амандман од Уставот на Република Македонија, кој предвидува „вториот јазик“ што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, да може да се користи во официјалната комуникација.

Само припадниците на албанската националност можат да го исполнат овој услов кој е одреден на основа на пописот од 2002. 

Пописот од 2011 година беше прекинат на самиот почеток, наводно, поради технички причини, пишува коментаторот на „Ал џезира“, Ристо Поповски.

На припадниците на другите националности, што се помалку од 20 отсто – Турци, Роми, Срби, Бошњаци и други – законот не им го негира правото на користење на нивниот мајчин јазик, но, како и претходниот, нема инструменти за да се случи ова во официјалната комуникација на државно ниво .

„Другите“ се оставени на (не)милост на локалната самоуправа, која, според Уставот, треба да ја регулира употребата на јазикот, но ниту една општина тоа не го направила.

Според предлогот на новиот закон, Македонија станува двојазична држава.

Македонија е дефинирана како мултиетничка држава, но ни со овој закон не е обезбедено спроведување на принципот на повеќејазичност во официјална комуникација, пишува Експрес.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment