Агенцијата за храна и ветеринарство: Овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Македонија е безбеден

 Breaking News

Агенцијата за храна и ветеринарство: Овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Македонија е безбеден

Агенцијата за храна и ветеринарство: Овошјето и зеленчукот кој се продава во Република Македонија е безбеден
February 06
00:08 2018

Одговорно тврдиме дека на македонскиот пазар, овошјето и зеленчукот, од домашно производство и од увоз се безбедни.

Редовно се контролира се контролира домашниот пазар, а дополнително, покрај контролите,секоја година, Агенцијата за храна и ветерионарство ја спроведува и Мониторинг програмата за безбедност на храната со која се следи усогласеноста на производите со безбедносните критеруиуми, вклучително и на овошјето и зеленчукот и процентот на пестициди и други препаратаи за заштита на растенијата кои тие ги содржат.

Употребата на пестициди и другио хемиски препратаи за заштита на растенијата во Република Македонија е строго утврдена со законските и подзаконките акти кои ја уредуваат оваа материја, а кои се комплетно усогласени со европкската легислатива.

Примарната контрола на производството и употребата на препаратите за заштита на растенијата во земјоделското производство ја врши Државниот земјоделски инспекторат, а контролата во прометот се спроведува од страна на инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во земјава не се дозволува увоз на производи (овошје и зеленчук) кои содржат препарати за заштита на растенијата над максимално дозволените концентрации дефинирани во законските и подзаконските акти кои се однесуваат на безбедноста на оваа категорија производи.

За небезбедните пратки не се дозволува внес во земјава, односно истите се враќаат во земјата извозник, или безбедно се уништуваат.

Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство на Република Македонија

Related Articles