6 начини да направите вашата финансиска состојба да биде подобра кога имате студентски буџет

 Breaking News

6 начини да направите вашата финансиска состојба да биде подобра кога имате студентски буџет

6 начини да направите вашата финансиска состојба да биде подобра кога имате студентски буџет
September 15
06:51 2017

Чекор по чекор водич на тоа како да се навикнете на здрава исхрана без тоа да влијае на вашата финансиска состојба. Животот на студентот не е лесен. Од стресови за задачи и испити, до одржување на социјалниот живот. Заборавете ги трошоците кои доаѓаат со колеџот или универзитетот. 

Сето ова може да доведе да не се размилува многу на тоа каква исхрана ќе се конзумира особено кога брзата храна и тестенините е наједноставното и најевтиното решение. 

Еве еден студентски водич да го правите вистинскиот избор а тоа да не влијае многу на вашата сметка во банка: Буџет “Животот не е евтин”. Сигурно ова сте го слушнале од родителите и погодете што? Тие се во право. За да си поедноставите, научете неколку финансиски вештини. 

“UsNews Money”вели најдобриот начин да го одржувате буџетот е да запишете се на хартија. Тие советуваат да направите список од месечните приходи, вклучувајќи ги и заштедите и потоа да направите проценка на минимална потрошувачка во месецот. На овој начин може да водите сметка за вашиот буџет. 

Купувајте на големо Нема ништо поубаво од примањето на вредноста на парите кога купувате нешто. И напротив на популарното верување, колку повеќе купуваш, толку повеќе заштедуваш. Инвестирајте во ориз и тестенини затоа што тие неможат да се расипат.

Најдобро е да ги следите понудите и продажбите, ако зрната се на понуда, купете колку можете повеќе да си дозволите во резерва. Подготовката на оброците ви заштедува и време и пари. Јадете сезонски овошја и зеленчук Обично овошјето и зеленчукот надвор од сезоната се многу поскапи. Запомнете да купувате корен зеленчук во зима, сквош и јаболка во пролет и бобинки и брокула во лето. 

Подгответи си сопствена храна Јадењето надвор е скапо. Студентскиот живот е доволно бурен, па подготвувањето сопствени оброци ќе заштеди и време и пари. Трик да заштедите пари и да се храните здраво е да не купувате замрзнати оброци. Направете си јадење а потоа замрзнете го за да го изедете подоцна. 

Пијте течности! Основно правило за здрав живот е да се пие вода. Додајте лимон во водата, затоа што помага на црниот дроб и бубрезите да го детоксира телото и затоа што го прави пиењето вода поподносливо. Можеби ќе ви треба време да се навикнете на вкусот, но верувајте, ќе додавате лимон во се. 

Отстранете ја диетата Најголемата заблуда е тоа за здрава исхрана константа диета е морална. Нема ништо лошо во еден ред чоколада, се додека не се претера. 

Диетата прави да се чуствувате депресивно, доведувајќи до помала самодоверба поради неможењето да се издржи нереална диета. Фокусирајте се на необработена храна, реагирајте на гладта и јадете колку што ќе ви побара телото.

Related Articles