560 денари ќе ви требаат за патарини од Скопје до Гевгелија и назад ако патувате со автомобил

 Breaking News

560 денари ќе ви требаат за патарини од Скопје до Гевгелија и назад ако патувате со автомобил

560 денари ќе ви требаат за патарини од Скопје до Гевгелија и назад ако патувате со автомобил
August 27
06:56 2019

Вчера утрото почна да работи новата патарина на автопатската делница Демир Капија – Смоквица.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б-категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари, додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Електронското плаќање од минатиот месец е достапно на наплатните станици на Коридорот 10: Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско.

Во тек е надградба за приспособување на системот за електронска наплата на патарина за возила од прва категорија А, односни мотори.

Во наредниот период ќе се градат две нови патарини на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а ќе се воспостави електронска наплата и на патарините на Коридорот 8 (Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар).

Во тек е евалуација на понудите за избор на најповолен понудувач на тендерот за изградба на патарините и електронската наплата што беше распишан во јуни годинава е во вредност од 13 милиони евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој.

Според ценовникот на ЈП за државни патишта, таму стои дека кај наплатната станица Гевгелија или Демир Капија – Гевгелија и обратно цените се 60 за мотор, 100 за автомобил, 160 за комбе, 290 за камион и 430 за влекач.

Доколку патарината ја плаќате во евра, ќе ве чини малку поскапо, или 1.00 евро за моторцикл, 2.00 евра за автомобил, 3.00 за комбе, 5.00 закамион и 7.00 за влекач.

Related Articles