5 причини поради кои Балканците се жалат постојано!
Колку од луѓето на овие простори се жалат? Ако вие не се жалите, тогаш сте исклучок и мора да ви честитаме на позитивниот став.
Многу луѓе веруваат дека жалењето за некои работи е дел од нашата култура. Речникот од Кебриџ го објаснува жалењето како „нешто што е погрешно или не задоволувачко“. Можеби авторот не ги знае Балканците доволно добро.
Во продолжение еве некои од жалбите на Балканците:
1. Се жалиме затоа што така „ни се може“!
Да, можеме! Имаме слобода на говор. Добро, некои држави се` уште се жалат дека слободата на размислувањето е ограничена во нивните држави, но сепак, може да се жалиме. И ако Балканците може да направат нешто, тие ќе се жалат уште повеќе за некои работи. Исто така, ако некоја работа е слободна да се прави, но не е сметана за добра, повторно ќе се жалиме за истата.
2. Затоа што нашата историја е тешка!
Замислете вечера помеѓу Србин, Хрват, Македонец, Црногорец… Сите ќе се обидуваат да се убедат која држава страдала најмногу. Бројот на аргументи ќе биде повеќе од импресивен, но разговорот нема да ве однесе никаде. Секоја земја има тажна историја исполнета со „крв и смрт“. Како и да е, Балканците се борат помеѓу себе, па тешко е да се најде заеднички јазик меѓу нив.
3. Затоа што нашата економија не е добра како таа во Германија!
Германија! Нашата омилена причина за да се жалиме за политиката и економијата. Ако не може да се жалиме за Германците, тогаш тука се Русите и Американците, но тоа е друга приказна. Како и да е, економската моќ на Германија е „сол во очи“ за многу луѓе. Ние сме свесни за нашиот потенцијал и имаме амбиции да стигнеме до врвот, но…
4. Поради фудбалот!
Секоја година се молиме за успех на нашите тимови. Секоја година даваме се од себе и веруваме во успех. Секоја година се надеваме дека ќе се случи чудо. Свесни сме за постигнувањата на тимовите во Шпанија, Германија, Италија, Франција и знаеме дека тие немало да ги освојат ако немало Балканци во нивните тимови.
5. Затоа што не се почитувани како што сакаме!
Балканците секогаш чувствуваат дека заслужуваат подобро. Ние сме свесни за нашата богата култура, историја, преубава природа во нашата држава. Зошто не сме почитувани колку што треба да бидеме? Ние сме исто така паметни и едуцирани. Ние сме креативни и извондредни, па сакаме да почуствуваме дека светот го разбира тоа.