3aпочна исклучувањето на струјата за државните институции во Македонија кои не си ги плаќаат сметките навремено

Како што јавува РСЕ, на најмалку 17 институции им се стемни, бидејќи им ја исклучија струјата поради неплатени сметки, меѓу кои и Албанскиот театар, пренесува Радио Слободна Европа.
Уште 184 се големи должници.
Меѓутоа, од Владата се уште нема одговор како ќе продолжат да фунцкионираат овие институции без струја.
Актерот Фисник Зеќири вели дека пробите ги прават преку ден, додека се гледа, но не се сигурни кога ќе биде премиерата.
Се надеваат дека ќе добијат струја до крај на неделава.
Моментално држиме проби преку ден, од сабајле до 4-5, додека има сончева светлина.
Се снаоѓаме со ајпад, јутјуб, батерии“, вели тој за РСЕ.
Претходниот месец без струја остана и Националната опера и балет (НОБ), но по десетина дена повторно беше вклучена, по што пејачите и танчарите продолжија со пробите и репертоарот.
Од министерството за култура денеска соопштија дека со внатрешна прераспределба на буџетот нашле пари за плаќање на сметките и враќање на струјата во двете институции.
НОБ должела 6,5 милиони денари (околу 105 илјади евра), а Албанскиот театар 4,2 милиони денари, односно околу 70 илјади евра за струја.
Во Министерството велат дека, и покрај поскапувањето на струјата, обезбедиле пари за редовно плаќање на сметките.
Не се очекува каков било прекин на работата на институциите од културата“, велат во Министерството. Извор РСЕ.