139 нови со коронавирусот, градовите Кичево, Штип, Тетово, Куманово и Скопје се со двоцифрени бројки за денес

 Breaking News

139 нови со коронавирусот, градовите Кичево, Штип, Тетово, Куманово и Скопје се со двоцифрени бројки за денес

139 нови со коронавирусот, градовите Кичево, Штип, Тетово, Куманово и Скопје се со двоцифрени бројки за денес
July 31
15:50 2020

Денеска има 139 нови случаи на коронавирусот во државата и тоа како што јавуваат од Министерството за здравство дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на коронавирусот и тоа во овие градови:

Скопје-36, Куманово-11, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-8, Велес-4, Битола-2, Кавадарци-5, Гостивар-16, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-15, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2.

Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Поч инати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.).

Пет пациенти се поч инати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на поч инати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 4811, активни 1488
Куманово 1049, активни 246
Дебар 195, активни 108
Штип 820, активни 425
Прилеп 331, активни 53

Тетово 1042, активни 226
Струга 449, активни 195
Велес 220, активни 18
Битола 137, активни 72
Охрид 272, активни 84

Кавадарци 60, активни 43
Гостивар 440, активни 260
Гевгелија 22, активни 11 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

Струмица 36, активни 20
Крива Паланка 24, активни 10
Радовиш 29, активни 23
Крушево 16, активни 9
Кочани 99, активни 23

Пробиштип 52, активни 20
Демир Хисар 31, активни 27
Македонски Брод 20, активни 16
Пехчево 6, активни 0
Берово 5, активни 2

Валандово 6, активни 0
Виница 14, активни 10
Делчево 5, активни 4 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 13, активни 7
Свети Николе 222, активни 175

Кичево 157, активни 102
Ресен 146, активни 32
Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1377 теста се преку: ИЈЗ-516, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-156, Биотек-116, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-185, Систина со PCR метода -192, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-68, Инфективна клиника-27, ГАК-8.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на коронавирусот. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти.

На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на коронавирусот и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и со мнителни на коронавирусот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).

Чаир – 171
Аеродром – 171
Бутел – 97
Гази Баба – 145
Центар – 130

Сарај – 78
Карпош – 136
Кисела Вода – 157
Ѓорче Петров – 107
Студеничани – 64

Шуто Оризари – 117
Арачиново – 26
Илинден – 23
Петровец – 18
Чучер Сандево – 9

Сопиште – 23
Зелениково- 7
Странец – 4
Нераспределен- 5

Related Articles