Ќе се градат нови 100 згради во Скопје, експертите велат не смее да има повисока од 5 ката
100 нови згради кои ќе се градат во Расадник не треба да бидат повисоки од пет ката – стои во анализата на експертите од кои граѓантите на Кисела Вода побараат спас од предол Деталниот урбанистички план.
Во архивата на општината освен 185 претсавки и 60 анкетни листови стаса и една експертска анализа. Во анализата до која дојде Телма, стои дека повеќето згради ќе бидат на седум ката, што се коси со правилницити за градба. Градоначаникот Филип Темелковски, пак во неколку наврати деновиве кажа дека ќе има и 15 катници.
Експертите кои го проучувале предлог Деталениот урбанистички план забелешки имаат и за растојанието од една до друга зграда со што ќе се намали и струењето на воздухот.
На многу места не се запазени растојанијата од маркицата до соседната градежна парцела илипак кон улицата, а наместа и зградите се на многу мало меѓусебно растојание со што сенамалува квалитетот на живеење, се вели во експертската анализа. Целиот текст прочитајте го тука.