Ќе мора да направите тест кој ќе чини 6000 динари или 50 евра за да влезете во Србија

 Breaking News

Ќе мора да направите тест кој ќе чини 6000 динари или 50 евра за да влезете во Србија

Ќе мора да направите тест кој ќе чини 6000 динари или 50 евра за да влезете во Србија
May 09
17:42 2020

Како што јавуваат медиумите врз основа на здравствените препораки кои беа донесени, за влез во Србија неопходен ќе биде негативен тест, не постар од три дена. Според најавите, воздушниот сообраќај во србија ќе започне да функционира од 18 мај.

Граѓаните кои ќе патуваат во странство во земји кои инсистираат на ваква потврда ќе можат да направат тест којшто ќе чини 6.000 динари односно 50 евра, рече пулмологот и член на Кризниот штаб, Бранимир Несторовиќ, пренесува Б92.

Тој рече дека во Србија поради патување, граѓаните ќе можат да направат тест на свое барање и дека тоа ќе се прави во лабораторија во Клиничкиот центар на Србија.

Исто така, за сите оние кои доаѓаат во Србија, ќе биде потребен негативен тест не постар од три дена. Оние кои немаат ќе мораат во изолација 14 дена.

Related Articles