Ќе ги kapa: Вечерва итен состанок за координација кај Талат Џафери, но не дошле сите координатори од сите групи во Собранието

 Breaking News

Ќе ги kapa: Вечерва итен состанок за координација кај Талат Џафери, но не дошле сите координатори од сите групи во Собранието

Ќе ги kapa: Вечерва итен состанок за координација кај Талат Џафери, но не дошле сите координатори од сите групи во Собранието
June 27
21:50 2022

На итната координација кај претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери, на која не дошле координаторите од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијанса за Албанците, било заклучено дека „граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инци дентот на Комисијата за европски прашања.

Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насил ст о врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, се вели во соопштението од Собранието и се посочува на ВМРО-ДПМНЕ со „двочасовните процедурални забелешки“.

На координацијата на која биле поканети координаторите од сите пратенички групи и партии во Собранието, присуствувале координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини.

Иако поканети, се вели во соопштението, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците.

Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.

На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма.

На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања.

Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, се вели во соопштението.

Related Articles