Јоци: Или вратете ја старата политичка Влада или распишете избори на 21 јуни

 Breaking News

Јоци: Или вратете ја старата политичка Влада или распишете избори на 21 јуни

Јоци: Или вратете ја старата политичка Влада или распишете избори на 21 јуни
May 29
22:12 2020

Интегрален фејсбук статус на Јорданка Ивановска-Јоци: Ако некој треба да даде оставка во моментов е само Наќе Чулев, за неказнување и толерирање на групни собири, литии и други верски обреди во време на карантин и полициски час.

Се друго, води кон нов х аос. Ние сме со месеци во 9 дантеов круг со техничка Влада, која има ограничени и поделени надлежности меѓу СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, формула за пропаст. Без Собрание, кое ако беше свикано, ќе имаше можност да го разреши Чулев.

И се додека СДСМ не најде институционален начин да се справи со него, да го тргне од тоа место, ние одиме кон провалија.

Или вратете ја старата политичка Влада или распишете избори на 21 јуни. Додека не е предоцна. Мандатот на техничка Влада, која требаше само да подготви терен за избори, а не на Чулев да му па ѓаат хелокоптери и да снима спотови, одамна истече.

Related Articles