Што се спрема во Финска на граница со Русија – Бариери и барикади се планира да се изгради долж границата

 Breaking News

Што се спрема во Финска на граница со Русија – Бариери и барикади се планира да се изгради долж границата

Што се спрема во Финска на граница со Русија – Бариери и барикади се планира да се изгради долж границата
June 09
18:51 2022

Владата на Финска планира да го измени граничното законодавство за да дозволи изградба на бариери на нејзината источна граница со Русија, сакајќи да ја зајакне подготвеноста против хибридните закани од страна на нејзиниот сосед, пишува Слободенпечат.

Финска, која моментално аплицира за членство во воената алијанса НАТО, има историја на војни со Русија, иако моментално граничната зона покриена со шума меѓу двете земји е означена само со знаци и ленти.

Финската влада побрза да ја зајакне граничната безбедност бидејќи се плаши дека Русија би можела да се обиде да изврши притисок врз неа,

со испраќање баратели на азил на нејзините граници – како што Европската унија ја обвини Белорусија дека сторила на крајот на минатата година,

кога стотици мигранти од Блискиот Исток , Авганистан и Африка заглавија на полската граница.

Владините измени на законот вклучуваат предлог да се овозможи концентрирање на приемот на барањата за азил само на одредени влезни точки.

Според постојните правила на ЕУ, мигрантите имаат право да побараат азил на која било влезна точка во земја-членка на ЕУ.

Амандманите, исто така, ќе овозможат изградба на бариери како што се огради, како и нови патишта за да се олесни патролирањето на границата на финската страна.

Подоцна, владата ќе одлучи за граничните бариери до критичните зони на источната граница, врз основа на проценката на финската гранична стража, рече во изјавата министерката за внатрешни работи Криста Миконен. ИзворСлободенпечат.

Related Articles