Што се случува, нови 38 случаи на коронавирус, ова е листата на градови

 Breaking News

Што се случува, нови 38 случаи на коронавирус, ова е листата на градови

Што се случува, нови 38 случаи на коронавирус, ова е листата на градови
May 28
14:15 2020

Денеска нов рекорд за оваа недела, како што информираат од Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на коронавирусот и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 771, активни 232 Куманово – 442, активни 36 Дебар – 51, активни 0 Штип – 54, активни 19 Прилеп –211, активни 43 Тетово – 182, активни 71 Струга – 77, активни 9 Велес – 128, активни 31.

Битола –29, активни 7 Охрид –23, активни 8 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –22, активни 4 Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 3, активни 1 Крива Паланка- 6, активни 0 Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 31, активни 0 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 2, активни 0.

Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0 Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 0 Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 0 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 1 Берово-1, активни 0 Свети Николе-1, активни 1.

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен ф-тет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со PCR метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на коронавирусот.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на коронавирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Related Articles