Што се случува во Главниот град, возила од Европската Вселенска Агенција и РОСКОСМОС се забележани низ улиците на Скопје

 Breaking News

Што се случува во Главниот град, возила од Европската Вселенска Агенција и РОСКОСМОС се забележани низ улиците на Скопје

Што се случува во Главниот град, возила од Европската Вселенска Агенција и РОСКОСМОС се забележани низ улиците на Скопје
September 03
19:11 2021

Како што јавува Прес24, во центарот на главниот град е забележана колона на возила со мошне интересни ознаки.

Од снимките и фотографиите кои успеавме да ги добиеме во редакцијата на Прес24, може да се забележи дека според ознаките на овој конвој на возила, станува збор за припадници од Европската Вселенска Агенција (ESA- European Space Agency), како и Руската Вселенска Агенција РОСКОСМОС.

Според неофицијални извори се шпекулира дека можеби се врши транспорт на првиот македонскиот астронаут Марјан Спировски, кој е вклучен во мисија од Европската Вселенска Агенција, и за жал од непознати причини, се држи во тајност, јавува Прес24.

За неговиот удел во вселенската мисија се дозна пред само неколку денови, кога се појавија снимки од руската ракета АНГАРА 5.

На снимките од платформата ракетата покрај руското и американското знаме, истакнато е и нашето македонско знаме.

Дали возилата во Скопје вршеа транспорт на македонскиот астронаут Марјан Спировски, или за каква тајна мисија всушност станува збор, чекаме официјални информации.

Марјан нека биде вашиот мотив да станете креативни, да учите и да го остварите вашиот сон.

Сл. 1 Возилата на ЕСА и РОСКОСМОС низ улиците на Скопје

Сл.2 Возилата на ЕСА и РОСКОСМОС пред Владата на Р.С. Македонија

Сл.3 Ознаките на Европската Вселенска Агенција (ESA) и Руската Вселенска Агенција РОСКОСМОС – ИзворПрес24.

Related Articles