Шпанска серија, сопругот на лекарката што и даде боледување на Катица добил 25 000 евра

 Breaking News

Шпанска серија, сопругот на лекарката што и даде боледување на Катица добил 25 000 евра

Шпанска серија, сопругот на лекарката што и даде боледување на Катица добил 25 000 евра
November 28
19:55 2019

Методи Цилков, сопругот на директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова, која на шефицата на СЈО Катица Јанева и издаде боледување во јули годинава, за 3 години добил 25.000 евра од СЈО, објави А1.Он.

Цилков бил вработен во СЈО од мај 2016-та година во приемното одделение. Како што дознава А1.Он, последните пари на Цилков му биле исплатени на 2 септември годинава.

Јанева отвори боледување во истиот ден кога најави оставка на функцијата и кога беа уапсени Бојан Јовановски и Зоки Милевски за истрагата Рекет. И Цилков и Јанева се по потекло од Гевгелија.

Jaнева и на личниот шофер му доделила 30 илјади евра за надоместоци. Jанева на обвинителите им исплаќала додатоци за доверливост, покрај додатоците и основната плата. Извор а1он.

Related Articles