Шилегов не запира: И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

 Breaking News

Шилегов не запира: И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов не запира: И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ
August 26
19:06 2021

Актуелниот градоначалник на Град Скопје тврди дека неговата противкандидатка на претстојните локални избори, Данела Арсовска ги потценува скопјани со тоа што се претставува како независен кандидат.

И врапчињата знаат дека е кандидат на опозиционата партија.

Мислам дека е потсенување на граѓаните на Скопје, особено на оние неопределните.

Јас сум горд што сум кандидат на СДСМ и на Коалицијата и јас тоа не го кријам.

Не знам дали дел од независните, т.н. независни кандидати за градоначалници се срамат од луѓето коишто ќе ги поддржат како политички партии, а тоа го знаеме сите.

Да не се лажеме, рече Шилегов.

Вели, ако Арсовска навистина е независна треба да ја покаже листата на независни советници.

Што е градоначалникот без Советот? Што е градоначалникот без поддршка во Советот на Град Скопје?

Впрочем, зошто некој се срами од ВМРО-ДПМНЕ?

Ако ВМРО-ДПМНЕ е партијата за којашто сите знаеме дека ќе поддржи определен кандидат во овие листи, рече Шилегов, додавајќи дека листата на советници е готова, но дополнително ќе биде објавена бидејќи станува збор за коалициска листа. ИзворПрес24.

Related Articles