Шекеринска со фото: Лицата сместени во Пепелиште-Криволак ќе бидат преместени во Демир Капија

 Breaking News

Шекеринска со фото: Лицата сместени во Пепелиште-Криволак ќе бидат преместени во Демир Капија

Шекеринска со фото: Лицата сместени во Пепелиште-Криволак ќе бидат преместени во Демир Капија
March 18
14:40 2020

На својата фејсбук страница, преку фотографија и текст се огласи министерката Радмила Шекеринска.

Таа напиша дека лицата кои вчера беа сместени во Пепелиште, Криволак, ќе бидат преместени на нова локација во Дерми Капија.

Тоа ќе биде направено во текот на денешниов ден.

Исто така министерката Шекеринска објави и фотографија од реновираниот завод во Демир Капија, каде ќе бидат преместени музичарите од Битола.

Фотографијата погледнете ја во продолжение:

Фотографии од музичарите кои синоќа беа сместени во Пепелиште, Криволак, еве како изгледаше тоа, фото:

Музичарите инаку се од Битола, кои што како што кажуваат сите се комшии и живеат во близина т.е. на иста улица.

Битолските музичари се враќале од Австрија на пат кон дома, после неколку денови чекање по границите, тие беа донесени во Пепелиште, Криволак, каде денеска во текот на денот треба да се префрлат во Демир Капија.

За разлика од Пепелиште, веќе во Демир Капија е реновирано и се забележува дека е посредено.

Related Articles