Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32, разликата е 14 години

 Breaking News

Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32, разликата е 14 години

Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32, разликата е 14 години
May 27
21:15 2019

Разликата е скоро 14 години, Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32 Насловна › Вести › Занимливости › Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а… 25.05.2019 Швеѓанец почнува да живее сам на 18 години, а Македонец на 32 Секој млад човек има потреба да се осамостои, да започне свој живот и кариера, но постојат голем број фактори што одлучуваат на колку години ќе може да замине од домот на родителите.

Европската статистика покажува дека младите во Шведска најрано решаваат да заминат од домот на своите родители и тоа на 18,5 години или веднаш штом станат полнолетни. Од друга страна, Црногорците дури на скоро 33 години го напуштаат домот на своите родители и почнуваат да живеат сами, пренесува Бизнис Инфо.

Според податоците на Еуростат, пет земји во коишто младите порано си заминуваат од дома: Шведска (18,5 години), Луксембург (20,1 години), Данска (21,1 година), Финска (22 години) и Естонија (22,2 години).

На дното на листата се наоѓаат овие пет земји: Црна Гора (32,8 години), Хрватска (31,8 години), Македонија (31,7 години), Словачка (30,9 години) и Малта (30,7 години). Според ова може да се забележи дека жителите на Скандинавија стануваат многу посамостојни, за разлика од младите на Балканот кои подоцна почнуваат да живеат сами.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles