Чулев возврати: Власта тераше дневен ПР со коронавирусот, за мене најважни се граѓаните

 Breaking News

Чулев возврати: Власта тераше дневен ПР со коронавирусот, за мене најважни се граѓаните

Чулев возврати: Власта тераше дневен ПР со коронавирусот, за мене најважни се граѓаните
May 29
17:46 2020

Министерот за Внатрешни работи, господинот Наќе Чулев предмалку возврати на својата фејсбук страница, неговиот статус во продолжение интегрално:

Порастот на заб олени е директна последица на фактот дека власта наместо суштински политики тераше дневен ПР од прашањето поврзано со справување со коронавирусот. Секоја одлука на Владата поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здра вјето и жив отот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

Доколку имаат сом неж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата.

Заштитата на здра вјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира.

Граѓаните се свесни дека зад олабавувањето на мерките за ограничување на движењето се крие само желбата на владејачката партија за што побрзи избори, а здр авјето на граѓаните е во втор план и за ова во неколку наврати укажав во јавноста, но и на седниците на владата.

Фактот дека Министерството за внатрешни работи секојдневно почна да открива кри минал во кој се вмешани функционери на владејачката партија веројатно е причината за нервозата во нивните редови. Меѓудругото, јавноста треба да знае и за секојдневните навреди, но и за кани по мојот живот на кои сум изложен, а кои дополнително сведочат за ниското ниво на политичка култура, но и за паниката која е присутна кај нив.

Граѓаните треба да знаат дека ниту една пол итичка изјава нема да ме поколеба во мојата намера да го заштитам здра вјето и жи вотот на граѓаните, но и да останам посветен во неселективна бо рба против кору пцијата и кр иминалот.

За мене се најважни граѓаните и нивното мислење и понатаму ќе преземам се што е неопходно за заштита на нивното здравје и здравјето на целата нација. Денешните изјави се само политички и истите преставуваат непринципиелен притисок врз моето работење. – Напиша на својата страница министерот за внатрешни, Наќе Чулев.

Related Articles