Често одам Кавадарци градот свети – заради ова Митко ќе биди доживотен градоначалник, браво

 Breaking News

Често одам Кавадарци градот свети – заради ова Митко ќе биди доживотен градоначалник, браво

Често одам Кавадарци градот свети – заради ова Митко ќе биди доживотен градоначалник, браво
September 03
23:04 2019

Фејсбук статус на Иван Чулакоски: Често одам во Кавадарци и она шо го гледам со секое ново одење таму е неверојатно! Градот свети!

Од една страна сум фасциниран а од друга страна
разочаран оти имаме толку неспособна власт во Битола шо ми се плачи!

Видете што значи кога некој град има градоначалник и совет што си го сакаат градот. Видете што се можевме да направиме и во Битола. Пола од овие работи не повлекват многу пари и се прават за кратко време ама на некој не му се работи, незнај како, а не прима ни совет шо е најлошо!

Инаку повеќето од ова е направено во последните 6 месеци.

Шо има Кавадарци шо немаме ние и тоа со многу помал буџет од нашиот:

– Плоштадот е плоштад (не паркинг)
– Сите улици во Кавадарци имаат нов асфалт
– Туристички ИНФО Центар (а нема ни осмина туристи колку во Битола)

– 3 нови металки кои секој ден работат (навечер ама)
– Кавдарци има подземни контејнери во центарот
– 120 нови контејнери

– 2 нови прскалки за миење на улици
– Улиците се чистат и мијат секоја вечер
– Ново ЛЕД улично и тротоарско осветлување

– Сите зелени површини се посеани со трева и посадени дрвја и поставен систем за наводнување
– Има семафори на повик пред сите училишта и градинки и лежечки полицајци
– Општината има проект со кој секојдневно носи храна за бездомните и социјалните случаи

– Фасадите на старите згради ги средва општината
– Паркингот е бесплатен и има нов асфалт
– Подземен паркинг

– Дрвата во Кавадарци не се сечат туку се дислоцираат
– Пешачките премини светат со лед осветлување и бојата не се бриши
– Сите локации се означени со патокази

– Има пластични стубчиња кај што не е дозволено паркирање и свртување
– Фонтаните се мијат и дезинфицираат
– Градоначалникот оди на терен а не дреми вканцеларија

Е заради ова Митко Јанчев – Градоначалник на Општина Кавадарци ќе биди ДОЖИВОТЕН градоначалник на Кавадарци. БРАВОООООО !!!!

#poinaku #morapoinaku #bitolapredse

Related Articles