Циклонот Андреа пристигна во Македонија, на овие места врне најмногу дожд, се отвораат и кризни штабови

 Breaking News

Циклонот Андреа пристигна во Македонија, на овие места врне најмногу дожд, се отвораат и кризни штабови

Циклонот Андреа пристигна во Македонија, на овие места врне најмногу дожд, се отвораат и кризни штабови
May 13
20:21 2019

Циклонот „Андреа“ пристигна во Македонија, а со себе донесе врнежи, грмежи и силен ветер.

Според вестите кои се објавуваат во регионот, циклонот предизвикува хаос по улиците, а забележани се поплавени патишта, на некои места водата навлегува во домовите, а граѓаните се обидуваат да си ја спасат стоката.

Додждот денеска без престан врне низ Македонија. Еве ја состојбата во моментов:

Екипите на „Водовод и канализација“ спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, а екипите на „улици и патишта” машински ги чистеа главните одводни канали во Скопје.

Според најавите, бурата „Андреа“ што се очекува во наредните денови да го зафати регионот може да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар.

Од УХМР информираат дека до петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, наместа со обилни врнежи од дожд.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Општина Тетово соопшти дека е оформен кризен штаб откако метереолозите најавија можности за невреме поради циклонот „Андреа“ како и дека се преземени превентивни мерки со цел да се делува превентивно.

Од таму информираат дека се ставени во целосна подготвеност сите мобилни тимови на Јавното комунално претријатие (ЈКП )Тетово и на Територијална противпожарна единица од Тетово (ТППЕ).

Related Articles