Цело одделение од Скопје во изолација поради ученик позитивен на коронавирусот

 Breaking News

Цело одделение од Скопје во изолација поради ученик позитивен на коронавирусот

Цело одделение од Скопје во изолација поради ученик позитивен на коронавирусот
September 02
19:39 2021

Како што пишува Прес24, цела паралелка од осмо одделение во основното училиште Љубен Лапе во Аеродром од денеска е во изолација поради ученик кој добил позитивен резултат на коронавирусот, а вчера бил на настава, на првиот училиштен ден од новата учебна година.

Вчера се пожалил на главоб олка, а денеска веќе било познато дека е позитивен на коронавирусот.

Учениците добиле порака да останат дома во следните две недели.

Освен за одделението од Љубен Лапе, од Министерството за здравство велат дека епидеми олозите прават анкети и во други училишта каде што ученици при влезот имале покачена телесна темп ература.

По една и пол година онлајн настава, учебната година вчера почна со физичка настава во средните и во основните училишта.

Поради високиот број на нови случаи од коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисијата за заштита од 3Б, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн настава во првите две недели од септември.

Ослободени од настава со физичко присуство може да бидат ученици со ретки бо ести или попреч ености, деца од семејства со хро нични бо лес ти по барање од родителите, како и од други немеди цински причини со доз вола на училиштето.

Доколку се влоши епидемио лошката состојба и се зголеми риз икот од ширење, ќе се премине на друг модел на настава, односно ќе се примени некое од двете резервни сценарија –

второто е комбинирана настава со наизменично ротирање на две групи ученици –

онлајн и со физичко присуство, и третото сценарио е модел на настава како минатата учебна година –

едни ученици да бидат во училиштата, а други постојано да следат настава на далечина.

За евентуална промена на моделот на наставата ќе одлучи Комисијата за заштита од 3Б и МОН ќе постапи по нејзините инструкции.

Related Articles