Хрватскиот претседател во одбрана на Македонија: Членка на ЕУ влегува во туѓото, отворено ќе се спpoтиcтавам

 Breaking News

Хрватскиот претседател во одбрана на Македонија: Членка на ЕУ влегува во туѓото, отворено ќе се спpoтиcтавам

Хрватскиот претседател во одбрана на Македонија: Членка на ЕУ влегува во туѓото, отворено ќе се спpoтиcтавам
May 17
20:44 2021

Зоран Милановиќ, Претседателот на Хрватска, на самитот Брдо-Бриони застана во одбрана на Македонија. Вели, земја-членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам.

Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад.

Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција.

Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа.

Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја во Македонија, рече Милановиќ.

Споредувајќи го спорот кој Хрватска го имаше со Словенија, тој рече Словенија поставувала услови.

Но, потенцира дека никогаш не гледал оти Словенија сака да ѝ наштети на Хрватска или да ја понижи.

Ова што сега една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор.

Да се бара од една земја кандидат, која е во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава, тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави.

И, на тоа, отворено ќе се спротивставам, рече Милановиќ. ИзворПрес24.

Related Articles