Функционерите многу ја чинат државата, Ивановска од антикорупциска бара да се укинат привилегиите

 Breaking News

Функционерите многу ја чинат државата, Ивановска од антикорупциска бара да се укинат привилегиите

Функционерите многу ја чинат државата, Ивановска од антикорупциска бара да се укинат привилегиите
August 16
06:17 2019

Граѓаните ако се баратели на некаква услуга и доколку им се побара коруптивен надоместок не треба да потклекнат и тоа треба да го пријават со нивна пријава или како укажувач, бидејќи секој вработен од институциите е платен за работата што ја врши.

Воедно потенцирам дека тие се целосно заштитени со анонимната пријава, појасни Ивановска.

Потенцираше дека сите укажувачи ќе бидат заштитени од соработка и со нив и најави дека ДКСК ќе работи со службените лица од институциите, со цел преку обуки да ја јакне личната и институционалната свест кај нив.

Ивановска беше децидна дека функционерите не треба да имаат привилегии, тука да се укинат како што според неа треба да се укине и апанажата.

Информира дека анализата за 180 инститиции е во тек и најави дека наскоро ДКСК ќе излезе со податоци за тоа колку функционерите ја чинат државата.

Посочи дека со нивните анализи и со анкетите со граѓаните е потврдено дека најголема процент на корупција има во судството преку вработувања и носење на наменски судски одлуки.

Според неа судството е најслабата карика во општеството и посочи дека судиите со точни пресуди треба да ги доведат во ред работите.

Според гласање на присутните од невладиниот секотор на семинарот, прво место по корупција во државата има при вработувањето, на второ место се тендерите за јавни набавки, а на трето медиумите.

Следат политичкото финансирање, привилегиите, субвенциите и социјалната правда. Невладиниот сектор, според гласањето се најде на осмото последно рангирано место по корумпираност во државата.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles