ФОТО: Станови, ниви, куќи, плацеви, возила, депозити, кредити – Каков имот пријавила Катица Јанева која остана без мобилен?

 Breaking News

July 16
08:48 2019

Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера си поднесе оставка од челната позиција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Неколку часа подоцна и беше одземен и мобилниот телефон за да се провери нејзината поврзаност со апсењето на Бојан Јовановски. еМагазин го разгледа нејзниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала специјална обвинителка. Каков имот има? Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок. На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско. На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возила Голф 4 и Ауди А6. Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата. Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат. Линк од целиот нејзин анкетен лист ОВДЕ.

Related Articles