ФОТО: Состанок со панцири во киевски бункеp на Зеленски со премиерите на Полска, Чешка и Словенија кои со воз стигнаа во Киев

 Breaking News

ФОТО: Состанок со панцири во киевски бункеp на Зеленски со премиерите на Полска, Чешка и Словенија кои со воз стигнаа во Киев

ФОТО: Состанок со панцири во киевски бункеp на Зеленски со премиерите на Полска, Чешка и Словенија кои со воз стигнаа во Киев
March 16
08:21 2022

Храброста на премиерите на Полска, Чешка и Словенија ја пофали Украина, бидејќи тие тргнаа на долго и опа сно патување со воз до Киев за да ѝ искажат поддршка, додека градот се најде под нови руски напади.

Тие се сретнаа со претседателот Володимир Зеленски синоќа, откако во Киев почна полициски час.

Не сте сами. Се воодушевуваме на вашата храброст“, ѝ порача чешкиот премиер Петр Фјала на Украина.

Фјала, Матеуш Моравјецки и Јанез Јанша се првите странски лидери кои ја посетија Украина од почетокот на руската инвазија пред три недели.

Европа никогаш нема да биде иста ако ја изгуби Украина. Напротив, ќе биде понижена, поразена, патетична верзија на себеси“, кажа полскиот премиер Моравјецки.

За време на разговорите, во далечина се слушале експлозии кои доаѓале од борбите на западниот крај на градот.

Брисел кажа дека бил свесен за патувањето на тројцата премиери, но тоа не било под ничии инструкции.

Вашата посета е моќен израз на поддршка за Украина“, кажал Зеленски.

Тие решиле да патуваат со воз зашто летањето со полски воен авион Русија можела да го протолкува како опасна провокација.

Не е познато кога возот ќе се враќа за Варшава.

Посетата на премиерите на Полска, Чешка и Словенија, кои денеска пристигнаа во Киев, е силен гест на поддршка што ја почитуваме, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ги информираше лидерите на овие земји за актуелните настани во војната со Русија по инвазијата на неговата земја на 24 февруари.

Премиерите Матеуш Моравјецки, Петер Фиала и Јанез Јанша, кои во главниот град на Украина пристигнаа со воз, се првите странски лидери кои го посетија Киев од почетокот на руската инвазија.

Вашата посета на Киев во овој тежок момент е силен знак за поддршка на Украина.

Ние навистина го почитуваме тоа”, наведе Зеленски во објава на Интернет.

На кратко видео објавено од неговата канцеларија се гледа како Зеленски разговара со Моравјецки, Фиала и Јанша, а на разговорите присуствува и полскиот вицепремиер Јарослав Качински.

Овде воразорениот Киев се создава историја. Овде слободата се бори против светот на тиранијата.

Овде иднината на сите нас виси на конец. ЕУ ја поддржува Украина, која може да смета на помошта од своите пријатели, оваа порака денеска ја донесовме во Киев”, напиша Моравјецки на Твитер.

Украинскиот премиер Денис Шмигал ја поздрави, како што рече, храброста на вистинските пријатели и објави дека со лидерите на ЕУ земјите ќе разговара за поддршката на Украина и дополнителни санкции против Русија.

Претходно, портпаролот на полската влада во Варшава изјави дека посетата на тројцата државници била договорена на минатонеделниот самит на ЕУ во Версај, Франција.

Како што е потврдено, се било координирано со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Целта на посетата е јасно да се покаже поддршката на Европската унија за Украина и нејзината слобода и независност, ова го напиша чешкиот премиер Фијала на Твитер.

Related Articles