ФОТО: Салвета од „Курсаџии“ роди дете на 52 години, а денес нејзината ќерка има пет години и изгледа вака

 Breaking News

ФОТО: Салвета од „Курсаџии“ роди дете на 52 години, а денес нејзината ќерка има пет години и изгледа вака

ФОТО: Салвета од „Курсаџии“ роди дете на 52 години, а денес нејзината ќерка има пет години и изгледа вака
May 08
10:30 2019

Актерката Лилјана Јакшиќ на 52. години на свет ја донесе Дарија, која е сега центар на нејзиниот свет. Самохраната мајка со години била мета на злонамерни коментари. Денес, Дарија има 5 години, а Лилјана со љубов зборува за битката низ која поминала за да стане мајка. Четири пати минала низ процесот за вонтелесно оплодување. Почнала на 46. години и како што вели, откако ја изгубила цела надеж, петтиот третман се испоставил како пресуден. -Физички ништо не ми беше тешко, ни секојдневните инјекции. Работев цело време. Умеев пред настапот на Скадарлија да скокнам по доза инјекции, па да одам да работам. Помина цел циклус и кога немаше да биде успешен…После требаше да се стане да се живее со тоа и да се одлучи на уште еден обид. Напред те тера огромната желба, љубовта. Одиме напред додека лекарот вели дека може. Затоа и се одлучив – рекла актерката. Таа додала дека мајчинството во стари години ја подмладило. -Тоа значи дека кога нешто така прекрасно ќе ви дојде во раце дека душата ви пее, цел организам ви пее. Тоа ја подмладува жената – истакнува Лилјана.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles