ФОТО: Премиерот Таче нешто глуми, ги седнал про-владините новинари на мезе маса и објавил многу фотки

 Breaking News

ФОТО: Премиерот Таче нешто глуми, ги седнал про-владините новинари на мезе маса и објавил многу фотки

ФОТО: Премиерот Таче нешто глуми, ги седнал про-владините новинари на мезе маса и објавил многу фотки
July 01
21:39 2022

За европскиот предлог за евроинтеграции на Северна Македонија, дискутиравме на брифинг заедно со уредниците и новинарите.

Медиумите покрај тоа што ги сметаме за наши партнери се и нашиот коректив и огледало на нашата работа.

Широката консултација ја започнавме со коалициските партнери, а ја продолжуваме и со сите засегнати страни за јавноста да биде објективно информирана за содржината на истиот.

Владата работи за просперитет на сите граѓани, затоа е неопходно во овие клучни моменти, заедно и мудро да делуваме за интересите на државата.

Oва на својата страница го напиша премиерот Димитар Ковачевски, каде објави и многу фотографии:

Со претставниците на граѓанскиот сектор, експерти во различни области, професори, политички аналитичари дискутиравме за европскиот предлог за просперитет на нашата земја.

Благодарен сум што секој дава придонес во овие клучни моменти за државата со својата експертиза и богато искуство.

Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Related Articles