ФОТО: После 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата, вели градоначалникот Бочварски

 Breaking News

March 01
20:09 2020

Фејсбук статус на градоначалникот Благој Бочварски: Утре Штип испишува нова историја, трасираме пат за иднината, за побрз развој на нашиот град, за денешните и идните генерации, за развој на бизнис секторот, за работниците и студентите, за сите граѓани.

Мостовите имаат моќна и важна симболика во општеството – тие се симболи на поврзувањето, на соработката, на развојот.

Но, мостовите имаат и многу конкретна економска вредност, затоа што овозможуваат суштинска експанзија на продуктивната размена.

Затоа овој мост и украс на градот ќе го носи името мост Иднина како конкретен израз на соработката помеѓу сите ентитети вклучени во локалното управување, но и на нашата одлучност да го отвориме регионот за нов развој и просперитет денеска и во иднината.

Понеделник 2 март 2020 година во 13 часот после 65 години го пуштаме во употреба новиот, челичен мост на Брегалница прв од ваков тип во државата.

Related Articles