ФОТО: Познато во која вила ќе летува претседателот Стево Пендаровски ова лето

 Breaking News

ФОТО: Познато во која вила ќе летува претседателот Стево Пендаровски ова лето

ФОТО: Познато во која вила ќе летува претседателот Стево Пендаровски ова лето
August 04
21:35 2019

Додека премиерот, лидерот на опозицијата, министрите и другите функционери на одмор ќе одат во земјите во регионот и пошироко, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, одморот ќе го помине во Охрид, објави Сител.

Од кабинетот на шефот на државата потврдиле дека Пендаровски ќе летува седум дена во претседателската вила во Охрид, заедно со семејството.

Од терасата на претседателската вила од каде се гледа Охридското Езеро и градот Охрид некогаш престојувал и Тито, а вилата Билјана претставувала една од многуте вили изградени за него.

И премиерот Зоран Заев, кој веќе е заминат на одмор, рече дека ќе го посети Охрид, но за разлика од Пендаровски, претседателот на Владата дел од одморот ќе мине во Грција.

Related Articles