ФОТО: Позната здравствената состојба на Антонио Милошоски, тој самиот се огласи

 Breaking News

ФОТО: Позната здравствената состојба на Антонио Милошоски, тој самиот се огласи

ФОТО: Позната здравствената состојба на Антонио Милошоски, тој самиот се огласи
June 30
20:38 2020

Антонио Милошоски е на Инфективната клиника каде што објави и фотографија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и кандидат за пратеник потврди дека околу 16 часот денеска бил хоспитализиран на Инфективната клиника поради повеќедневна покачена температура. Тој на својата фејсбук страница напиша:

Почитувани пријатели,

денес околу 16ч од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура.
Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така.

Вчерашниот тест покажа негативни резултати на Ковид19, но по препорака на специјалист од инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Ве поздравувам сите, а на моето семејство и на медицинскиот персонал им благодарам за поддршката.

Благодарност до сите вас за поздравите и добрите желби за брзо закрепнување.

Се гледаме наскоро, се надевам во добро здравје и со добри вести.

Ваш, Антонио Милошоски

Related Articles