ФОТО: Погледнете ја новата Лада Нива 4х4, целосно нов дизајн на кросовер и воопшто не личи на старата Лада Нива

 Breaking News

ФОТО: Погледнете ја новата Лада Нива 4х4, целосно нов дизајн на кросовер и воопшто не личи на старата Лада Нива

ФОТО: Погледнете ја новата Лада Нива 4х4, целосно нов дизајн на кросовер и воопшто не личи на старата Лада Нива
October 08
07:36 2019

Сите ја знаеме старата Лада Нива која што се произведува од 1977 година па до ден денес. Но запознајте го концептуалниот автомобил Lada 4×4 Vision со препознатливи икс-облици на предниот и на страничниот дел се одликува со дизајнерски визии за новата генерација кросовер, истакнуваат специјализираните списанија.

Со класичната Lada 4×4 концептуалниот автомобил воопшто нема сличности, додека надворешноста потсетува на Renault Duster. Фото галерија:

По новата луксузна руска лимузина, која личи на моделите на Ролс Ројс, и кросовер купето рено аркана, претставена е дизајнерска студија на мал теренец наречена лада 4х4 вижн.

Иако Автоваз не потврди официјално дека станува збор за наследник на лада нива, се очекува идната сериска верзија на овој концепт да го замени стариот руски теренец кој со помали промени и поинаква ознака (сега се вика лада 4х4) е на пазарот речиси 4 децении.

Изгледот на концептот 4х4 вижн е дело на шефот на дизајн Стив Матин, кој ја обликуваше новата генерација модели на Лада, вклучувајќи ја и веста.

Новиот теренец има карактеристични стилски детали во облик на буквата „Х“ кои ги гледавме на сите концепти и сериски модели на Лада во последните години.

Лада 4х4 вижн е претставена со големи, 21-инчни тркала и има значително поголемо растојание од подлогата, иако Аутоваз не ги објави точните бројки.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles