ФОТО: Откриено чив е ранецот кој падна во Неготино, ќе му платат оштета на неготинчанецот за кровот да се поправи

 Breaking News

May 03
16:21 2022

Ранецот кој падна денеска во Неготино привлече големо внимание на македонската јавност.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија чиј бил ранецот. Б.С. (35) од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и го оштетила истиот.

По пријавата на терен излегла екипа од ОВР Неготино.

Притоа бил пронајден еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино.

Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

Related Articles