ФОТО: Општина Аеродром го постави најскапото осветлување, каде една светилка чини над 330 евра

 Breaking News

ФОТО: Општина Аеродром го постави најскапото осветлување, каде една светилка чини над 330 евра

ФОТО: Општина Аеродром го постави најскапото осветлување, каде една светилка чини над 330 евра
June 06
22:06 2019

Ако мислевте дека најскапото осветлување е на некој познат филмски сет веројатно се лажете или можеби не сте отишле во трговскиот центар во Лисиче во скопската општина Аеродром. Токму таму, општина Аеродром денеска се пофали дека ставила таква расвета за која граѓаните плаќаат верувале или не по скоро 350 евра за една светилка, пишува Прес24.

“Трговскиот центар во населбата Лисиче блесна во полн сјај. За првпат од своето постоење доби целосно ново осветлување. Општина Аеродром ги подобрува условите за живот на сите свои граѓани и станува пример за урбано живеење.” – пишува на постот на фан страната на општина Аеродром или поточно на изменетиот пост.

Претходно од општината во рамки на заложбите за отчетност на фан страната напишала дека за 108 светилки платила 2.2 милиони денари. Веројатно откако сфатиле деке е многу, овој дел го избришале.

Ние пресметавме дека ако со 2.2 милиони денари купиле 108 светилки тогаш за секоја од нив, ние граѓаните сме платиле по точно 20.370 денари. Тоа значи време е да го стартуваме предизвикот… кој може да најде поскапа светилка во Скопје… Извор: Прес24.

„Се грижиме за подобрување на условите за живот на нашите жители. Деновиве во трговскиот центар во населбата Лисиче поставивме целосно ново осветлување.

Старите и дотраени светилки ги заменивме со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.
За новото осветлување издвоивме околу 2 милиона и 200 илјади денари.“ беше првиот статус на официјалната страна од Општина Аеродром. Фото:

Во продолжение погледнете ги светилките во ноќна атмосфера:

Related Articles