ФОТО: Ова се новите кандидати за пратеници на Коалицијата за обнова на Македонија

 Breaking News

ФОТО: Ова се новите кандидати за пратеници на Коалицијата за обнова на Македонија

ФОТО: Ова се новите кандидати за пратеници на Коалицијата за обнова на Македонија
March 11
21:38 2020

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија вечерва во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори.

Во продолжение, фото галерија од Конвенцијата за претставување на кандидати за пратеници – Коалиција за обнова на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред присутните се обратија лидерот на партијата Христијан Мицкоски и носителите на кандидатските листи во шестте изборни единици.

Претседателот Мицкоски се обрати вечерва, тој вели дека нашата победа е обновата. Обнова која ќе донесе повеќе за секого, повеќе правда, повеќе вредности, п принципи, работа, повеќе пари, повеќе здравје, повеќе среќа, ред, сигурност и насмевки на лицата на нашите граѓани и верба дека ќе успееме.

Мицкоски додава дека Македонија не смее да остане извалкана од печалбарите во политиката, туку мора да ја изградиме за да остане дом за идните генерации. Од политиката денес за жал граѓаните ја видоа само темната страна, со сите нејзини подлости, недостатоци, жолчност и иритирачка реалност

Related Articles